Изложба и предавање за Македонија

Изложба и предавање на тема “Македонија вечна – сонот што стана реалност”, ќе има вечерва во ЦК “Марко Цепенков”, во организацијата на ОК на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ.

Изложбата е од 18.30 часот, а се поставени дваесеттина фотографии за Македонија од различни периоди во претстава на фотографот Александар Ѓорѓиев.

Од 19 часот во Сцена 105, професор д-р Виолета Ачкоска ќе има предавање за Македонија, со акцент на активностите за создавањето на државата.

Loading