Финиш со голови

Бизнис лига

Сé повеќе голови во градската Бизнис лига во мал фудбал. Колку приближува финишот, толку стрелците порасположени. На последните три средби: Прилеп – Сидро 5-4, Основен суд – Спорт лајф 1-3 и Лукас Елит – Агроинвест 5-7. Во тимовите се познати лица. За Прилеп повремено игра градоначалникот Марјан Ристески, за Сидро Марјан Стојкоски – Манта, за Кабелнет Тони Наумоски, Небојша Стојковиќ… Останатите дуели ќе се доиграат во април. Најдобропласираните четири продолжуваат со борба во плејофот за наградите. Според актерите, најважно е дружењето, а не резултатите. Ферплејот е на високо ниво и организаторот затоа покрај главните ветени награди за најдобри тимови и стрелец, подготвува пригодна и за најферплеј потег. Викендов следат натпревари во сала “Сонце” и на отвореното игралиште “Гром”. На табелата води Агроинвест со 16, пред Спорт лајф и Кабелнет по 13 бода.

Loading