ФК Варош
Необичен меч одиграа петтолигашите ФК Прилеп сити и ФК Варош. Градски екипи на дуелот во Тополчани. Дали од безбедносни причини, дали немало соодветен терен, натпреварот го оправда епитетот дерби во најнискиот ранг, на кој судеше ФИФА арбитрот, Горан Спиркоски, а исходот 1-1 е реален. Базеркоски искористи кикс и Прилеп сити поведе. Изедначивме преку Мартиноски. Задоволни сме – вели Менде Боболески, член на управа од ФК Варош. Варош, иако гостин, се чувствуваше како домаќин. Два автобуса навивачи отпатуваа до Тополчани. Други речиси немало. Клуб со таква поддршка има предност во борбата за првото место. Целта е влез во А лигата. Нема да е лесно. Исти бодови имаме со Беровци и Слога Лажани – истакнува Боболески. Планирано е уредување на игралиштето со нови соблекувални и монтажна трибина за 500 гледачи. Поддршката се очекува од фирмите, а првата дојде од Електроелемент, главниот спонзор на ФК Варош.