Дерби со Пелистер

РК Филип

В недела (14 ч.) во салата од комплексот “Маркови кули” е дербито од машката младинска ракометна лига помеѓу РК Филип и битолски Пелистер. Домашните се третопласирани, гостите први без пораз и реми, со сите победи. Голема пресметка. Гостува најсилниот ривал. Шанса е да го покаже квалитетот – вели Александар Танески, тренер на РК Филип. Младите гледачи го бодрат младиот состав. Нема друг ракомет, откако згасна пред година ипол РК Златен даб. Празнината се дополнува во младинската лига. Во меѓувреме се очекува најавеното возобновување на машки сениорски клуб, а на таа тема се коментира на трибина и во таборот на РК Филип. Н гледам конкуренција. Од школа, прераснавме во клуб. Глупаво би било некој да сака да ги “киднапира” децата. Не верувам во такво сценарио. Мило ми е ако некој сака да разговара, за прифатлива комбинација – порачува Танески.

Loading