Дела од колонијата Дрен во Кочани

Во Домот на културата во Кочани е отворена изложбата на  20  дела од 4-та ликовна колонија Дрен, што во јули лани, ја организираше ЦК “Марко Цепенков”. Изложбата ја отвори Тони Чатлески, директор на прилепскиот Центар за култура. Кочанчани се запознаа со делата на уметниците од земјата и странство кои твореа на колонијата Дрен, меѓу кои со сликите на  Сергеј Дамовски, Христина Зафировска, Владимир Кнежевиќ, Тони Чатлески, Силвана Атанасовска, Маја Стефановска,  Александра  Дунимаглоска, Наталија Мијатов и Јасмина Селиг од Србија, Гергана Аначкова, Венера Константинова  од Бугарија…

Loading