БРЕНА, МЕРЛИН И БРЕГОВИЌ НА ПИВОФЕСТ?

Се шушка дека босанската фолк поп пеачка, Фахрета Јахиќ Живојиновиќ, за повеќемината позната како Лепа Брена ќе пее годинава на Пиво фест. Неофицијално се слуша дека ѕвездата со прекрасно тело на 51 година, ќе ги жари и пали не само прилепчани, туку и многубројните гости од земјава и странство кои страста ќе ја гаснат со десеттици кригли пиво. Наскоро ќе се дознае дали долгоногата убавица, која многумина ја паметат по дебитанската песна “Ситно Циле, ситно”, ќе ги растегне песните, ќе го спои генерацискиот јаз, потсетувајќи на времето кога се живееше од Вардар до Триглав во едно, со песната “Југословенка”. Ќе ја разгали душат и со лирски елементи. Ќе ја запее и хит песната “Метак са посветом” и незаборавната “Боли ме уво за све”.

Не е исклучено, освен “балканската Мадона”, на Пивофест да пее и Горан Бреговиќ – 62 годишниот поранешен фронтмен на Бјело Дугме кој беше неразделив со Бебек, Ален и Тифа. Добро би било љубителите на добрата голтка пиво и на вкусната скара, да уживаат и во најновата песна на Бреговиќ насловена “Шампањац за Цигане”. Ќе се вратат спомените на песните од составот “Оркестарот за свадби и погреби”. И на крај, во игра е и Дино Мерлин. И неговиот специфичен глас и хитовите може да палат повеќе генерации. Многумина сонуваат да пијат пиво и да го слушаат Мерлин во живо.

Loading