Водата да се преврива

Центарот за јавно здравје им препорачува на граѓаните, кои користат вода за пиење од регионалниот водовод Студенчица, водата да ја преваруваат десетина минути пред да ја употребуваат.

Специјалистот Петар Оханесјан од Центарот за јавно здравје вели дека водата е безбедна и исправна во сите параметри, но препорачливо е преварување. Деновиве се очекува стабилизација.

– Забележана е мала заматеност на водата. Заради превентива, сугерираме превривање, иако сите параметри не покажуваат отстапување од нормалното и водата е здравствено исправна. ЈП Водовод и канализација ја хлорира водата редовно во дозволените граници – вели Оханесјан.

Според него, заматувањето се должи на наглото топење на снегот на планината Бистра во околината на изворот Студенчица, наглото понирање  на водата и големата дарежливост на изворот.

Loading