Фудбал: По поразот на 11 Октомври
Трае големото разочарување во 11 Октомври по пресудниот пораз дома од Охрид со неверојатни 0-3. Никој не знае што се случи да се загуби од клуб пред распаѓање! Се очекуваат остри мерки. Ќе заседава управата да реши како натаму, додека клубот одржуваше високо ниво со мизерни резултати. Дали ќе има сили барем за чесно довршување на дебитантската прволигашка сезона. Екипата фаќа ритам на тренинзите. Тренерот Трајче Илиоски работи со 25 првотимци. Отсуствува само повредениот Мирчески. По паузата в недела е гостувањето кај Силекс во Кратово и се очекува деби на засилувањето Нухију. За љубителите на фудбалот в сабота (14 ч.) е второлигашки меч на Победа јуниор дома со Осогово.