Светски првак за поезија

Во рамната Војводина, му немало рамен на гимназијалецот  од втора година Филип Димкоски. На конкурсот од српското здружение на интелектуалци “Сцена за сите креативни” се пријавил преку интернет за Меѓународниот фестивал за поезија и кратки раскази во Нови Сад. Од своето творештво ги издвоил поемите “Срцевина”, “Пак ќе процветам јас” и “,Витезот од глутницата” и единствениот литературен “амбасадор” од Македонија ја оставил конкуренцијата од илјада учесници од целиот свет да “голта прашина”, освојувајќи го првото место. Во чест на признанието, Димкоски беше примен од градоначалникот Марјан Ристески. Таткото на градот му подари книга и икона од светецот заштитник на градот – Свети Никола. Поемите се мотивирани од природата, затоа што Димкоски вели дека таму нема зло како кај луѓето. Тој е добитник на повеќе награди.

Loading