Сон за поправка на салата, вториот дом

Спортски школи: ППК Младост 96

Јавноста малку знае за пинг – понгот, спорт во голема криза. Трите клуба тренираат каде има и најмало место. Школата од ППК Младост 96 ја најдовме во салата на СУ “Орде Чопела”. Децата ги носат двете маси во ходникот, оти салата беше зафатена со одбојка. Се снаоѓаме. На децата не им е тешко со желбата да се вратиме во својата сала, која од лани не е во функција – вели Иле Карески, претседател, тренер и играч. Децении наназад салата била втор дом за пингпонгарите. Од лани е под клуч, откако се крена паркетот. Потребни се околу две илјади евра за санација. Нужна е приватизација и клубовите да се соберат на едно место, братски како некогаш… Неопходен е стопан, а после за две недели ќе се суреди паркетот – смета Карески. Во школата во најдобрите денови биле 50, сега се 10 -12 таленти поради несоодветните услови. Резултатите се тука, младите влегоа и се четврти во сениорската Супер лига. Постоење на школата е успех. Вадиме кадри за сениорскиот клуб – заврши Иле Карески, на кого му помагаат Методија Иваноски и Кире Георгиески.

Loading