Расшетани жени по Швајцарија, Рим, Истанбул, Дубаи…

Прилепчанки, со понекој маж, се вратија од повеќето, не само европски дестинации за слава на 8 Март. Некои уживаа на “вечниот” Рим, ја прокрстарија Италија, го овековечија со по некоја фотка присуството на плоштадот Сан Марко во Венеција. Други пак “тркнаа” до градот на Босфорот – Истанбул. Наѕреа на локациите на снимките на кадрите на популарните турски ТВ серии. Не веруваме дека ги посетија монументалната Аја Софија или сараите на Величествениот, претворени во музеи. Ама не останаа покуси од шопинг на Таксим, Осман беј и или Капали чаршија. Најдалеку заминаа 50 прилепчани. Дестинација на алпската тура беше Швајцарија. Не останаа рамнодушни од  интеграцијата на архитектурата на барокот и на модерните градби на Германците, Италијанците и Французите, кои, покрај точноста и традицијата за производство на часовници, се прославени и по чоколадата и сирењата, но и како светски чувари на најголемите богатства во илјадниците банки. На возбудливата авантура, не намирисаа снег, оти под Алпите веќе стаса летото. Се шетеа по куси ракави додека во височините се гушкаат алпските врвови како со небото. На враќање им измамија воздишки Блед, Бохин и Плитвичките Езера од Старата Југославија. Неколку прилепчанки јаваа на камили во пустината околу Дубаи. Не кажаа дали се сончале покрај хотелот Едро, но знаеме дека направиле фотки како бурки.   

Loading