Кралеви двапати со празни раце

Кошарка

Многу ветуваше играта на второлигашот Кралеви по серијата од четири победи, но падот е на наредните две. Загубија на пелагониското дерби 90-85 од Пелистер во Битола и од претпоследниот Борец 82-74 во Велес. Неколкумина добија петта лична и тешко беше. Во Велес малку на поразот кумуваа и судиите – вели Сашо Костоски, помошник тренер. В сабота (19 ч.) во арена “Сонце” е дуелот со фаворитот, третиот Водњански лисици од Скопје. На табелата водат струмички Милениум, штипски Гоце Делчев и Пелистер со по 21 бод.

Loading