Конечно меч на 28 март

Ракомет

Здодевни се тренинзите на Жито Прилеп, без натпревари. По три – четири недели конечно е закажан прв првенствен меч во разигрувањето од домашната Супер лига. На 28 март дома е дуелот со Гевгелија. Натаму, според ждрепката, е гостувањето на младинскиот Металург, а во трето коло е дербито дома со сениорскиот Металург. Во четврто коло доаѓа Вардар на Магдинчев, а во петто е гостувањето на Куманово. Со реваншите вкупно се 10 кола. Има и натпревари од Купот, а во Регионалната лига преостанува само гостувањето кај српскиот Заечар. Не се знае кога ќе биде дуелот. Додека е паузата тренерот Методија Петлески работеше без шест ракометарки. Повредени се Илиеска и Штериова, во млада репрезентација Цаневска и Ѓорѓиеска, а во сениорски Наумоска за Македонија и Павичевиќ за Црна Гора.

Loading