На Економскиот факултет се имплементира “Заедничка докторска програма за претприемништво и менаџмент”. Програмата е прва, организирана како трет циклус на студии на сите Универзитети од Западен Балкан. Развојот на програмата и на курикулумот ќе се спроведе во текот на првата година на Проектот и ќе се состои од развој на курикулумот од сите партнери преку работилници, заеднички развој на наставниот процес, трансфер на знаења, методи и професорска мобилност. Целта на проектот е хармонизирање на докторските студии во согласност со Болоњскиот процес и ЕУ стандардите, со заедничко работење на пристапот кон претприемништвото на земјите од Западен Балкан, што ќе доведе до подобра поврзаност со пазарот на трудот.
Голема важноста имаат бизнис заедниците од Македонија и Албанија, кои ќе пружат база за истражување за студентите. Универзитетите ќе воспостават врски со бизнис заедницата и ќе добијат квалификуван кадар. Професорите ќе добијат нови техники и методи на предавање. Студентите ќе посетуваат етаблирани европски факултети и преку истражување во целост ќе го покажат своето знаење, креативност и иницијативност, со краен резултат подобрување на економската состојба државата.
Проектот го водат професори од универзитетот во Болоња, од Универзитетот “Климент Охридски” од Битола, од Универзитетот во Барселона и од Универзитетот во Ница.