Со еколошки акции се одбележа 21 март, Денот на пролетта. Учениците ги чистеа училиштата, засадуваа дрвја. Најбројни беа учениците од ОУ “Добре Јованоски”, кои го ,,светнаа,, училиштето. Заедно со градоначалникот Марјан Ристески засадија садници да го збогатат зеленилото околу објектот. Еколошки акции имаше и на Паркот на револуцијата каде садеа членовите на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ. Во одбележувањето на Денот се вклучија и вработените од јавните претпријатија, од Општината кои пак засадија 12 златни туи околу општинската зграда.