Карате
Прилепските карате клубови одлични на Балканијадата во Херцег Нови, Црна Гора. Пријатно изненади КК Лукас на Ахил Јаков и Златко Настески. Блесок на ката тимот 1999 со Василески, Мерипушкоски и Нешкоски. Победија се по 5-0, на крај и домаќинот, Црна Гора. Неочекувано од младиот клуб, но нашите се најдоа на пиедесталот. Ката тимот 2000 со Николоски, Цветкоски и Нешкоски е втор. Поединечно, во кати, еден од најдобрите македонски претставници, Василески го освои “среброто”. Клубот го афирмира името Лукас и во странство и се оддолжува на спонзорот. Постигнавме најдобар резултат во историјата на КК Лукас – задоволен е Ахил Јаков. КК Ронин од Елизабета и Златко Димоски има три “злата”, по едно “сребро” и “бронза”. Највисоко третпат по ред се искачи ката тимот, близначките Мишела и Маријана Димоски, со Анастасија Матеска. Поединечно прва е Маријана Димоска. Вреден е резултатот на сениорскиот ката тим, Спиркоска, Трајкоска, Јованоска, со четири победи го грабнаа “златото”. Второто место го има Анастасија Матеска, третото Мишела Димоска. КК Спорт 94 на Петар Белистојаноски најдобро се претстави со Ристески. Освои “сребро” во борби. Настапи и КК Бонсаи на Валентина Пурдеска, но без освоен медал. Учествуваа најмногу досега, 14 земји со 1300 каратисти.