Како и сите основни училишта, така и ОУ ,,Гоце Делчев,, ја имплементира еко наставата, финансиски поддржана од австриската развојна соработка, Министерствата за образование и за животна средина. “Гоцеделчевци” им презентираа на родителите како да се живее здраво и за поврзаноста и значењето на чистиот воздух. Децата изведоа неколку мини-претстави, изрецитираа стихотворби, а со ликовни творби го украсиле училиштето. Впечаток оставија Петар Андоноски, Филип Јошески и Адела Димоска со прочкарскиот дух униформирани во доктор, фудбалер и мајка. Со настапот порачаа дека чистотата е половина здравје.