Талески прв алпинист на Македонија

За најуспешен алпинист од Македонската алпинистичка федерација во 2011 година е прогласен прилепчанецот Игор Талески од АК Шри Чинмој од Скопје. Признанието отиде во рацете на нашиот алпинист на јавната презентација на активностите на Алпинистичката федерација, бидејќи Талески имал голем број квалитетни искачувања лани. Носечко било искачувањето на насоката “Цассин”, на северо – источната страна на врвот Пиз Бадиле, што важи за една од шесте најтешки карпи во европските Алпи. Талески е особено активен во организацијата на МАФ и во менторирањето на повеќе алпинисти од различни клубови. Наградата го носи името на Јован Ангелов – Циго, таткото на современиот македонски алпинизам.

Loading