Талентите учат на трева и паркет

Спортски школи: ФШ Шампион

Фудбалската школа Шампион е една од најактивните веќе. седма година. Основачи се Роберт Ѓорчески, тренер – менаџер кој работел во Германија и професорот Кире Овезоски, тренер на 11 Октомври и Победа јуниор. Актуелни тренери се професорот Зоран Димоски – Перак, со Ц – лиценца, некогашен фудбалер на 11 Октомври и Варош, и Стевче Талески. Интересот е голем Работиме со 50 – 70 деца меѓу 10 и 14 години.Тренираме трипати неделно зима во салата од СОУ “Ѓорче Петров”, а на пролет на игралиштето од Гарнизон. – вели Стевче Талески. Децата се вклучени се во Пионерската лига на ФФМ, регион со радиус од 45 километри. Ривалите се од Битола, Македонски брод, Крушево… Децата со голема желба, ги учат тајните на фудбалската игра. Најважно е да имаат повеќе натпревари, а резултатите сами по себе доаѓаат. Системот има празнина за генерацијата 1994. Мора да се корегира, оти маки ќе имаат и 1995. За нив нема лига и принудно цела година само тренираат и чекаат – порачува Талески. Школите ги контролираат родителите. Тие, очекуваат децата да напредуваат. Во јавноста, прво се пресметува колку тренерите земаат членарина, а сликата е погрешна, оти не е сé така едноставно – земи им ги парите и “капата настрана”. За опрема нешто добиваме од ФФМ, за друго се снаоѓаме како умееме. Плаќаме за судии по 600 денари од меч, за терен 100 евра месечно. Речиси нема заработка. Работиме оти го сакаме фудбалот – категоричен е Стевче Талески. Пролетва тренерите со мала група приврзаници ќе одат во Германија, во посета на репрезентативецот Николче Новески, кого ќе го следат во дресот на бундеслигашот Мајнц.

Loading