Спортот профилира здрави млади

Потпишан Меморандум за соработка за имплементација на проектот “Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување”

Градоначалникот Марјан Ристески присуствуваше на свеченоста по повод потпишувањето на Меморандум за соработка за имплементација на проектот “Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување”, под покровителство на Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Носител на проектот е Здружението за развојни иницијативи “Геостратешки институт – Глобал” и општините Прилеп, Тетово, Центар, Старо Нагоричане, Врапчиште и Шуто Оризари. Во своето излагање по повод свеченоста градоначалникот Ристески истакна дека имплементацијата на овој проект ќе придонесе кон креирање на пријателски односи и создавање на една вредносна рамка каде спортските натпревари ќе овозможат профилирање на карактерните вредности на нашата младина. Со забава и дружење, порача градоначалникот Ристески, да овозможиме напредок не само пред домашната, туку и пред странската јавност, притоа трудејќи се да ги зацврстиме темелите на една демократска држава. Главната цел на проектот е промовирање на спортот како општествена активност преку која со забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност, може да се зацврстат меѓуетничките односи. Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, на свеченоста по повод потпишувањето на Меморандумот засоработка за имплементација на проектот “Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување”, упати апел до сите граѓани да му кажат НЕ на насилството, да не дозволат да бидат испровоцирани и да подадат рака на пријателство. Порача дека сите што се служат со насилство и сакаат да го доведат во прашање соживотот ќе бидат соодветно казнети од системот.

Loading