Швеѓаните го фалат ОУ “Блаже Конески”

Шведскиот производител на автомобили “Волво” која е еколошки активна компанија, во соработка со ОН го избра ОУ “Блаже Конески” меѓу 12-те училишта од целиот свет на последната рунда на натпреварот “Волво авантура”. Од деветте училишта од Македонија, само нашето  било избрано во најтесниот круг, бидејќи имале одлично подготвена апликација со наслов “Господ ја дал водата за одговорно да се троши”. Проектот на основците се однесува на заштеда на водата за пиење и нејзина замена со техничка за полевање на големата зелена тревна површина како и во училишните тоалети, со што месечните сметки од 60 илјади се сведени на пет илјади денари. Членови на зелениот тим Филип Ѓорѓиоски, Симона Наумоска и Бојан Димески како и директорката Марија Дулевска ќе го презентираат проектот во Гетеборг, Шведска.  Домаќините ќе им приредат шестдневна “Волво авантура”. Во почетокот на јуни, ќе го посетат научниот центар “Универзеум”, ќе  поминат време и во забавниот парк “Лизберг” и конечно на 4-ти јуни ќе имаат само пет минути да го објаснат проектот на англиски јазик пред жирито. Во зависност од одлуката на жирито ОУ “Блаже Конески” може да добие 10 илјади долари, ако е на првото место или шест, осносно три илјади долари, ако е на второ или трето место. Презентацијата на Поњер Поинт е скоро готова, а членовите на еко-тимот веќе ги вежбаат клучните зборови и тактизираат како да се покажат подобро од останатите. Ја користиме техничката вода од бунарите во тоалетите во нашето училиште. Сакаме идејата да ја презентираме и за домаќинствата и тие во тоалетите да користат непитка вода. Го наводнуваме и паркот и тоа е значајно за заштеда на сметките. Ова се позитивни практики за заштеди на питката вода која еден ден ќе стане неопходен ресурс во целокупното живеење – вели Дулевска, која целосно се  посветила на еко-активностите во училиштето, а заедно со зелениот тим се радувале на освоеното “Зелено знаме”.

Loading