Први потези за формирање машки клуб

Ракомет

Градов нема уште долго да остане без машки сениорски ракометен тим, со оглед на настаните од деновиве. Некои иницијативи влеваат надеж дека конечно ќе се формира клуб. Имало средби на кои се предлагаат докажани луѓе за тие практично да бидат иницијатори за основачко собрание. Засега е почетната фаза. Затоа и нема официјални информации, туку првите потези се влечат ненаметливо. Оттаму се поттикнуваат само шпекулации. Се зборува дека меѓу иницијаторите се поранешни ракометари и спортски работници. Имало и функционери и политичари. Низ кулоарите, упатените потенцираат дека градот е со ниет цврсто, финансиски да застане зад проектот. Најважно е што конечно се мрднува од нула, бидејќи веќе година ипол нема машки сениорски клуб. Последен згасна суперлигашот РК Прилеп есента 2010 гпдина. Додека тече процесот, функционираат неколку ракометни школи. Во меѓувреме, на навивачите им останува да го следат само женскиот ракометен тим на Жито Прилеп. Ракометарките прво победија со Бисери (28-20), после загубија од Раднички (33-27), а сега е пауза до следните натпревари со Заечар на гости и дома со Гевгелија.

Loading