За да научат учениците повеќе за интернационалниот ден на жената, 8-ми Март, педагогот од ОУ “Кочо Рацин”, Наде Цветаноска, направила серија интегрирани часови, во кои учениците се запознаваат со одреден термин или теми. Таа објасни дека со ваквиот начин, учениците се растоваруваат од обемниот материјал. Со наставниците вметнуваат теми и термини на поблизок стил за разбирање на децата. Сите ученици го осознаа значењето на празникот, а преку изработка на цртежи, лични творби и честитки, дадоа придонес и најдоа допирна точка со овој Ден. Дали ќе биде дропка со делител 8 по математика или честитка испишана на германски јазик, наставниците во целост се потрудија овој ден како знаат и умеат да го посветат на празникот на жената. За почит беа плодовите на слободата во техниките и методите. Шестоодделенките Ангела, Христина и Лина се фрлиле на изработка на честитка со германска песничка. “Машкиот табор” од Валентин, Филип, Иван и Антонио креираа честитка со подруг мотив. Сите знаеа за кого ги прават честитките и кое е значењето на Денот. Наставничката Габриела Темелкоска помагаше за преводите на македонски зборови на германски јазик. Кај четвртоодделенците беше уште повесело. Таму, наставничката Весна Паноска делеше совети како да “пораснат” роза и орхидеја од хартија и други материјали. И учениците и наставниците со радост го минаа Денот, оти едните дадоа, а другите зедоа знаење. Овој тренд ќе продолжи со други теми во наставната содржина, со цел учениците “на дело” да се запознаат со знаења и вештини, а не само преку теоријата од учебниците.