
Методија Адонов – Ченто е погребан во Прилеп. Иако бил “озлогласен” од власта, казнуван и гниен по занданите, аргатувајќи без пари како калџија низ градот, сепак голема група на почитувачи на каузата за слободна Македонија се наредила во поворката на последниот пат на Ченто до гробиштата. Фотографијата неодамана е извадена од ковчежето на некоја прилепска фамилија. Многумина се чудат кој бил храбриот фотограф што го овековечил мигот на заминувањето на првиот претседател на президумот на АСНОМ. Како откраднал миг да стави на филм историски погреб, зашто се сметало дека е политички ерес и соучесништво да се комуницира со Ченто, според вистината на тогашната власт. Затоа овој момент е мошне значаен и заслужува честитка не само за човекот кој фотографирал, туку и за луѓето кои собрале сили, покрај заканите и последиците, да му се поклонат на Ченто. Власта сакала погребот да биде мирен тивок, без многу јавност и “прашина”, да не ги возбудува луѓето и да не ги разгорува националните чувства. Има толкувања дека фотографијата е извадена од архивите на ОЗНА. Некои мислат дека авторот бил полицискиот фотограф, кој зачувал еден примерок и за себе, а неговите потомци ја вадат фотографијата од визбите да ја види виделината на денот, односно јавноста.
![]()

