Небојша Стојковиќ
На европската фудбалска сцена полека како нов гигант се промовира рускиот Анжи Махачкала, за кого шест години играше прилепскиот зет, Србинот Небојша Стојковиќ. Стоперот настапуваше во време кога клубот земаше замав, се поставуваа темелите. Таму заминав зимата 2000, кога ја напуштив Победа. Поминав шест прекрасни години. Три сезони игравме во Прва, три во Втора лига. Претседател на клубот беше премиерот на Републиката Дагестан – вели Стојковиќ. Последните сезони влегоа гигантски компании во Анжи. Главните спонзори се од градежната, нафтената, телекомуникациска индустрија. Буџетот од десетици се мери во стотици милиони евра. Не случајно тренер е Холанѓанецот Гус Хидинг, помошник досегашниот бек, Бразилецот Роберто Карлос. Уште во мое време се правеше стратегија за голем клуб. Малку по малку доаѓаат до целта – истакнува Стојковиќ. Сега Анжи е во Првата лига. Зема играчи и не штеди милиони. Мнозинството се репрезентативци. Тука е Русинот Јуриј Жирков, а најпознато име е Камерунецот Самуел Ето. Да се родеше седум години подоцна, Стојковиќ ќе играше со ѕвездата Ето. Нема жалење за минатото, туку само поглед напред и само напред – порачува 38-годишниот Небојша Стојковиќ.
Игра во Бизнис лига
Стојковиќ во слободното време настапува за Кабелнет во градската Бизнис лига. Победија 4-2 со Прилеп, а 2-1 со Економски. В сабота (16, 30 ч.) во “Сонце”: Златна рака Проспект – Спорт лајф и Кабелнет -Сидро. На табелата водат З. Р. Проспект и Горан П. Е. по 12 бода.