Кошарка
Викендов продолжува битката за висок пласман на кошаркарскиот второлигаш, Кралеви, поранешен Ултимејт баскет. Гостувањето на петтопласираниот со 18 бода е кај аутсајдерот, претпоследниот Борец, во Велес. Шансата за победа е извесна. Претходно, загубен е дуелот на пелагониската пресметка со соседниот ривал, Пелистер. Битолчани изненадија и заслужено триумфираа со 90-85. Прекината е серија од четири средби со победи на Кралевите. Тренерскиот тандем Атанасоски – Костоски бараат корекции во играта на младиот тим. На табелата водат струмички Милениум, штипски Гоце Делчев и Пелистер со по 21 бод.