Победа јуниор
Победа јуниор одигра 1-1 дома со Тиквеш и се оддалечи од баражот за Првата лига. На теренот се беше чисто, борбена игра во снегот и праведна поделба на бодовите. Надвор од теренот се случувале нефудбалски работи. Имаше шпекулации деновиве дека некои приврзаници на гостите со сите сили сакале три бода и биле подготвени да понудат компензација за победа. Имаме мерак за Првата лига. Цело комбе со ракија даваме само да излеземе победници – гласно зборувале кавадарчани. Победа со голот на Благојче Митрески успеа да земе бод, а на гостувањето во вторникот во Горно Лисиче загуби со 1-0. За екипата на тренерот Златко Петрески претстои борба за опстанок во Втора лига.