Алтернативна медицина – акупунктура
Иглите се илач каде затајува “западната”, медицина.
Урамнотежување на веќе канализираната животна енергијата “Чи”, која тече низ телото по таканаречени меридијани
Превенција на болеста пред да ги појави симптомите
Во центарот за Алтернативна медицина и релаксација “Палма Вита”, користат методи за подобрување на квалитетот на животот, ралични од веќе познатите “современи” техники. Покрај масажите и хидродетоксикацијата, сауната, кинезитерапијата, сé повеќе луѓе бараат лек преку старата кинеска медицина, преку акупунктурата. Древниот начин на лекување од Далечниот Исток има широк спектар на делување и се покажува успешен. За третманите со акупунктура задолжена е Мартина Николоска. Таа е магистер – кинезитерапевт за ортопедија и трауматологија, со дообразба за акупунктура. По завршувањето на студиите, стекнувала дополнителни знаења и се усовршувала за акупунктура кај професор кој предава на универзитет во Кина и е сертифициран акупунктурист.
Насока на енергијата
Мартина вели дека методот на лекување со акупунктура, целосно се разликува од “модерниот” начин, базиран првенствено на медикаментозна терапија. Објаснува дека со акупунктурата се урамнотежува веќе канализираната животна енергијата “Чи”, која тече низ телото по таканаречени меридијани. Со соодветен баланс на оваа енергија, “Јинг и Јанг елементите” (елементи од животната енергија) се постигнува рамнотежа на телото и духот.
– Човечкото тело има 12 основни, 8 дополнителни и 15 колатерални меридијани или патишта низ која врви “Чи” енергијата. Постојат 361 активна точка кои се наоѓаат на 12 основни канали, на кои, ако се стави игла, може правилно да се насочи енергијата и да се подобрат животните функции на организмот. Со мерна единица “Цун” се одредува точно на кој дел од телото треба да се стави игла за да се подобри здравствената состојба. Иглите се со дијаметар на влакно од коса, флексибилни, стерилни и покриени со слој на сребро да се спречи инфекција или алергиска реакција. Акупунктурата е безболна и нема крварење со самото поставување на иглите во телото. За разлика од современата медицина, алтернативната медицина се базира на енергетски принципи, односно на активирање на сопствената енергија на индивидуата, без да предизвикува несакани ефекти. Може да се применува кај сите возрасти, вклучувајки ги и бремените жени – потенцира Николоска.
Сензација на пријатна топлина
Во зависност од здравствениот проблем, акупунктурата дава најдобри ефекти, комбинирана со индиректна “мокси”, терапија, која преку телото на иглите пренесува топлина во активната точка. Со оваа терапија се шират крвните садови и расте протокот на крв во даден регион на телото и се намалуваат симптомите на одредената болест. Пациентот не чувствува никаква болка, туку сензација на пријатна топлина. Скоро се загубува чувството за време во пријатната атмосфера која дава душевен мир и релаксација од секојдневниот живот, исполнет со стрес.
Друг начин е електро – акупунктурата, кој со специјален апарат пренесува ниско-фреквентна струја преку иглите и создава чувство на благо “штипкање”. Единствено луѓето кои имаат вградено бај-пас, стент или страдаат од епилепсија не можат да се лекуваат со електро-акупунктура.
Техниките се користат во зависност од здравствената состојба на пациентот.
– Широко е дејството на акупунктурата. Таа помага кај речиси сите дисфункции или состојби на болести, почнуваќи од главоболки, болки во грбот предизвикани од различни причинители (екстерни или интерни), невролошки и ортопедски болести како што се дискус херниа, инсулти, инфаркти, детска церебрална парализа, послефрактурни состојби како и кај дисфункции во дигестивниот систем. Во голем степен помага и во лечењето на депресија и анксиозност. Ако сé “оди според книга” и целосно се изведат десет сеанси во времетраење од 30 до 45 минути во дадени интервали со дополнителни инструкции за понатамошно лекување и препорачани масажи и вежби, болките во целост исчезнуваат, – додава Николоска.
Акупунктурата првенствено е превенција. Таа ја спречува болеста пред да ги појави симптомите.
– Сепак најголем проблем е менталитетот. Луѓето уште се скептични кон алтернативната медицина, која во голем дел од светот е преферирана и доста успешна – вели Мартина Николоска.
Младата акупунктуристка смета дека треба да се смени мислењето дека единствено со медикаменти може да се победи некоја болест. Овој “плацебо” ефект, кој го чувствуваат пациентите, треба да се замени со превентивно, навремено лечење и здрав начин на живот да се постигне долговечноста на Кинезите и Јапонците, кои од дамнина па до денес ја користат акупунктурата.