Чајно печиво со чоколадни парчиња, Кукис и детски кекси, Медо ленд за деца се двата нови производи на Витаминка кои од овој месец се достапни на пазарот. Кексите се нова продукција од линијата на производи во делот меки кекси. Подолгите анализи на пазарот покажаа потреба од ваков тип на производи. Кукис и Медо ленд се нова линија на производи што ќе се прошири во поглед на вкусови и нови производи во целост. Подолг временски период работевме на развој на производите, пред се на Медо ленд, бидејќи сакавме да направиме вистински производ за децата – изјави Владимир Трпаноски, комерцијален директор на Витаминка. Медо ленд детски кекси е производ збогатен со калциум, минерал важен за детскиот развој. Обликот на кексите и амбалажата на производот се избор на потрошувачите – децата како најпримамливи и допадливи за консумирање. Кукис чајното печиво со чоколадни парчиња е крцкав кекс богат со парчиња од чисто млечно чоколадо. Идеален е како закуска со чај и кафе или како десерт во секој дел од денот.