Гимназијата “Мирче Ацев” во соработка со Здружението на професори по германски јазик беа организатори на регионалниот натпревар по германски јазик на кој учествувале 29 основни и 10 средни училишта од Кавадарци, Битола, Охрид и Прилеп. Натпреварот беше дел од регионалните “мечеви” за знаење, а тројцата најдобри се квалификуваат за 44-та Олимпијада по германски јазик во Скопје. Најдобрите ќе освојат стипендии. Ученик од Македонски Брод е прв, а Мартин Неделкоски од нашата гимназија е втор. Третото место заврши кај ученичка од Кавадарци. Тие ќе го представуваат регионов во Скопје, на “Германската Олимпијада”. Гостинот Флоријан Франце од Германија не ја криеше радоста од големиот интерес за германскиот јазик. Тежок јазик е германскиот, посебно граматиката. Со мотивација, не е тешко да се премине бариерата. Пречка е што германскиот не е застапен медиумски колку англискиот – изјави Флоријан. Послабиот интерес за германскиот јазик во Македонија, професорот Зоран Стојкоски го редуцира со еднонеделни екскурзии во Германија и Австрија каде преку друштвото за македоско-германско пријателство “Мостови” наши ученици се запознаваат со нивни врсници од ,,Дојче,, сферата. Гимназијата не е случајно одбрана да биде организатор. Имаме одлична соработка со сите германски и австриски институции во земјава. Од 1991 година, кога почна да се изучува германскиот во Гимназијата, сме учествувале седумпати на државни натпревари и никогаш не сме биле без награда. За 20 години се излезени 100 професори по германски, што е третина од сите професори – истакна Стојкоски.