Играчите не се гледаа од виулица

Историја

Рано почна пролетниот дел 2005 година, уште на 27 февруари. Времето студено, пред мечот Победа – Беласица. Домашните некомплетни бараа начин да се одложи, а изговор беше ветрот. Почна натпреварот и до полувреме траеја кавгите на претставниците. Победа даде гол преку Здравески и така се замина на одмор. На домашниве им олесна. По одморот уште подобро. Пак Здравески стрелец, плус Крстев и Емерсон. Почна да паѓа снег, виулици – играчите не се гледаа. Судија прекинувај, нема услови – се бунеа струмичани. Времето си е убаво, гледајте какви акции и голови – враќаа домашните. Победа победи со 4-0, а Бате Ване Таковски уште еднаш надмудрен во Прилеп.

Loading