Наш сограѓанин на возраст од 23 години, кој себе си се опишува како слободно момче, е во потрага по брачна сопатничка со посредство на интернет страници за огласи. На сајтот Пазар 3 момчето со слика побарало да заплива во брачаните води и да создаде семејство со млада сериозна девојка на негова возраст или малку помала, но да биде станбено обезбедена. Момчето кандисува да биде домазет. Не се обидовме да побараме други детали какви квалитети треба да располага момата, дали треба да биде црна, русокоса, вработена, високо образована, или со некој друга квалификација. За момчето е најважно чупето да има куќа или стан, да има покрив над главата, за да ја подели љубовта и емоциите. Можеби и арното и лошото. Сé се случува во брачните води.
![]()

