Можностите за користење средства од европските фондови за компаниите, ИПАРД, програмата за конкурентност и иновативност, еко иновациите, интелегентната енергија и ФП7 поддршката, беа тема за расправа на претседателот на стопанската комора на Македонија Бранко Азески со соработниците со претседателите на Регионалните комори на средбата во Прилеп. Домаќинот, прилепската регионална комора, информира за функционирањето на најуспешната регионална заедница. Претседателите на регионалните комори остварија средба со градоначалникот Марјан Ристески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и со поголем број стопанственици, при што се акцентира интересот на бизнис заедницата за изградбата на хидро-енергетскиот систем Чебрен и Галиште во Мариово. На средбата стана збор и за експресниот пат Градско – Прилеп, индустриската зона Металец, како и за проблемите на стопанствениците околу враќањето на ДДВ и концесионерските договори.