Победа јуниор
В сабота (14 ч.) е фудбалскиот второлигашки старт, а осмата Победа јуниор ја чека голем предизвик на стадионот “Гоце Делчев” со шестиот Тиквеш. Застрашувачки се поразите на турнирот во Кавадарци од 4-0 од истиот ривал, претходно и од прволигашот Силекс со 3-0. Згора на сĕ тежи фактот на одработени подготовки под планот. Трениравме само зад гол, одигравме само две пријателски. Најмалку се виновни тренерите и фудбалерите. Тешка задача претстои, без казнетите со црвени картони Апостоловски, Карчески и Велјаноски – вели Златко Петрески, тренерот. До утре попладне се бараат алтернативите. За голманското место предноста е за Диме Николоски пред новиот Дејан Настески, а за место во екипата кандидати се уште двете засилувања: стоперот Александар Ристевски и левиот бек Филип Спиркоски. Од есеноска го нема само играчот за врска Давид Ристески.