Ронин мајстори

Карате

Тешко во некој спорт да се најдат конкуренти на клубовите од Скопје, а во каратето тоа им успева на прилепчаните. На последните државни натпревари забележливи настапи на Бонсаи од Валентина Пурдеска, Спорт 94 на Петар Белистојаноски, особено на Ронин од Елизабета и Златко Димоски. Меѓу 45 клуба, Ронин, во генерален пласман, е прворангиран со 17 медали, пред моќните скопски Макпетрол и Металург. За Европско во Шпанија се изборија ката тимот Спиркоска, Јованоска и Трајкоска, а поединечно покрај Спиркоска и Даниел Петкоски – задоволен е тренерот Златко Димоски. Уште поголем е бројот репрезентативци на Балканијадата во Црна Гора, од 16 до 18 март. Таму КК Ронин оди со седум сениори и девет помлади кадети, сите со медали од натпреварот во Брвеница.

Loading