Откако попуштија сибирските студови, ЕПД “Картуш” се врати на “работа”. Овојпат под нивни нозе се најде битолската корија. На нестопен снег, а со топло време, 60-тина планинари марширале од селото Лавци и по лавската корија, до планинарскитот дом Неолица, уживајќи во секој чекор. Се поклониле на спомен обележјето каде загинале народните херои Јоска Јорданоски и Вера Циривири. Десеттината километри ги поминале лежерно и без брзање, оти времето било убаво, таман да си ги “наситат очите” после неколку неделниот “принуден одмор”, наметнат од студот. Финиширале и се одмориле кај селото Буково.