Имаме здрави деца за сите спортови

Д-р Иван Таневски

Доктор Иван Таневски, специјалист по спортска медицина, секојдневно е во служба на клубовите и спортистите. Според законот, прегледува секои шест месеци две – три илјади спортисти. Кои се сознанијата, колку е здрава младината? Има деца за сите спортови. Нема ограничување во рана возраст. Секое сака повеќе дисциплини. Понатаму, зависно од здравствената слика, градбата и слично и се определува за еден. Улога има и генетскиот факор. Таткото, ако бил кошаркар, и детето е високо и местото го наоѓа таму – вели Таневски. Службата за спортска медицина располага со сите современи апарати, компјутеризирани, по европските стандарди. Таму се добива виза за занимавање со спорт. Прегледите се гаранција дека спортистот е здрав и наредните шест месеци може да биде вклучен на тренинзи и натпревари. Што со тие на кои се забележани здравствени проблеми? Не ги икслучуваме. Не е целта да се отстранат од спортот, туку препорачуваме да одат на натпревари и тренинзи и да бидат дел од клубот, но да не работат. Ги упатуваме на други клиники, ја следиме здравствената состојба. Тие само привремено апстинираат, а кога ќе заздрават, пак се враќаат на спортската сцена. Има дилеми кои се најздравите, најсилните спортисти. Нема прецизно мерење, но јасно е дека тие што тренираат најмногу, тие се најсилни. Желба е да имаме што повеќе професионалци, да заработуваат. Фудбалерот Дарко Тофилоски е во Словачка. Го следам од мали нозе и се радувам како за мое дете оти е на печалба – истакнува Таневски. Д-р Таневски ги сака сите спортови. На срце му е фудбалот. Долго беше во Победа, а сега помага во борбата за опстанок на 11 Октомври.

Loading