Баби со фризури

За 8-ми Март, учениците од СОУ “Ѓорче Петров” им го разубавија денот, а и ликот на бабите чие живеалиште е домот за стари и изнемоштени лица. Група од 20-тина ученици, фризери, ги дотеруваа постарите госпоѓи. Дел од домот личеше на козметичко студио. Фризурите беа класични, според желбите. Под надзор на вработените и на наставничката Стојне Христоска, подстрижуваа, бојадисуваа, фенираа и ги враќаа дамите од третата доба во младоста, пред половина век. Покрај хуманата димензија, на учениците добро им доаѓа “тренингот”. Теоријата ја претвораат во практика. Дотерувањата на бабите е традиција.

Loading