За надградбата – 6700 денари по жител, државни пари

Државата годинава ќе му додели на Прилеп 515 милиони денари дотации за образование, култура, социјална заштита и противпожарна заштита. Прилеп е во групата на пет општини што добиваат најголеми дотации од државниот буџет со Тетово, Куманово, Битола и Гостивар. Анализата покажува дека најмногу пари од државниот буџет ќе добие Тетово. Државата за секој жител на Прилеп планира да даде по 6700 денари, дотации во образованието, културата, социјалната заштита (детска заштита и дотации за домови за стари лица), и противпожарната заштита или помалку од секој тетовец, кумановчанец, битолчанец, па и гостиварчанец. Во Битола за овие намени ќе се одлеат по 6800 денари по граѓанин, во Гостивар по 6820 денари, во Куманово истите обврски државата ја чинат 7609 денари по граѓанин, а во Тетово дури 9590 денари по жител. Државата годинава планира да се откаже од 8 отсто од сите свои приходи и да им ги донира на 84 општини во нашата земја.

Loading