За љубов научил занает

Благојче Ѓориоски – Ем компјутерџија, ем кујунџија студентот

Покрај хардверот и софтверот, младиот 20 годишен студент на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство Благојче Ѓорѓиоски е и “кујунџија”. Веќе две години изработува накит и го продава преку неговиот Фејсбук профил “Боо Боо”. Обетки, белезици, брошеви, синџирчиња, гривни и друг оригинален накит не од драгоцени метали, туку од обична жица излегува од вештите студентски раце, клештичката и другиот алат. Му “светнала ламбата” кога требало да избира подарок за девојка си. Сакал да биде изненадување, да биде оригинален подарок, кој ќе остави трага во меморијата на љубената, но и ќе се пренесе и изрази љубовта. Сакал љубовта да ја пренесе со уникатен украс, кој ќе биде практичен и модерен. Во консултации со мајка му, таа го упатила, да биде единствен. А таков може да биде, само ако го скрои и созададе сам, со покажување на уметничката душа. И тоа го сторил. Првиот чифт обетки ја красат неговата девојка. Така почнала “заразата”. Обетка по обетка, гривна, па белезица и “излегол” цел мал бизнис. Ракотворбите на неговите “технички” раце се и квалитетни. Самоукиот мајстор на филигранот, со многу трпение и нерви како ортоми, талент за уметност и соколови очи, вели дека тоа го прави само за свој мерак.Засега накитот ми е хоби. Би сакал страста за создавање накит да прерасне во сериозен зафат. Ми помага мајка ми. Со “накит манијата” ја “запалив” и девојката, која креира брошеви – вели Ѓорѓиоски, кој инспирација црпи од секаде. Се чудел на делата електо-техничарот. Изработката му “тргнала од рака”, па во слободно време постојано прави нови модели. Летово планира да ги удвои сите модели и да понуди поширока палета. Реакциите од клиентелата се позитивни. Лесно му е за материјали, откако ќе му “дојдат музите”. Монистра (пластични, стаклени, метални, дрвени…), кристали, восочни врвци и разни синџирчиња… се дел од потребите за рачните креации за сложувалката, наречена накит. Немам посериозни купувачи. Накитот го изработувам за блиски, пријатели. Не можам да посветам повеќе време, оти зафатен сум со обврски на факултетот. Ова е хоби, пасија, која е за заинтересираните колешки од факултетот. Нема посебна опрема за дизајнирање на накитот.  Главата, прстите, мали клештички, ножички… Главна е имагинацијата. Импровизирам на столчето од баба, каде ставам мали шајчиња, кои служат како “разбој” – кажува Благојче. Најинтересен дел од “бизнисот” му е кога муштериите не знаат за што да се одлучат. Малку на шега, малку сериозно, им предлага замислениот накит да го нацртаат, а тој да го изработи. Нема тешка, лесна изработка. Секои обетки, се “нова прошетка”, “нов свет”, ново откривање. Ќефот го води низ прстите. Најмногу време му одземаат белезиците во форма на ќостек, што нашиот народ ја користел на ората. Ороводецот давал знак со него па значи е дека е многу важен дел од македонската традиција. Не знае каде ќе продолжи. Дали  го води ќефот или ќе стане стручнак за со компјутерските матични плочи, хард дискови…

Loading