Ученици мереа крвен притисок

Дваесетина ученици од СОУ “Ѓорче Петров” имаа благородна мисија во домот за стари лица. Идните медицински сестри ги распослаа апаратите за мерење притисок  и го проверуваа здравјето на згрижените лица во Домот. Значајни се резултатите од мерењата, но поважна е остварената комуникација. На дело учеа како се прави сестринска анамнеза и со ведрина да воспостават контакт со пациентите. Тоа го нема во книгите, туку мора да се искуси од на “лице место”. Наставничките Антигона Димоска и Петра Лукароска велат дека ќе ја продолжат соработката. Покрај праксата во болницата, ова би претставувало уште една можност за идните медицински сестри да го завршат средното образование со добра практична работа.

Loading