Пристигна првиот кинески автобус

Ганц автобус од Кина доби Прилеп. Минибусот со 33 седишта кој е донација од Владата, е прв од три –  четирите кои се очекува да ги добие нашиот град. Ќе се користи за превоз на учениците до училиштата, но и за другите потреби на Локалната самоуправа. Ќе крстарат уште автобуси за градски превоз, кој ќе го воведе општината. Ќе бидат набавени и други автобуси за градски превоз. Ќе се формира и јавно претпријатие за градскиот превоз. Советот ќе одлучи за цените на превоз и линии на сообраќање. Ќе се опфатат главните делови од градот и сите значајни туристички локации – вели Марјан Ристески, градоначалник. Градски превоз бараат граѓаните, а Локалната самоуправа покажа сенс за потребите за организиран превоз кој ќе биде со подостапни цени.

Loading