Драган Начевски

Наместо играта, белег од ракометниот натпревар Жито Пилеп – Бисери остави “препукувањето” на делегатот Драган Начевски од Скопје со публиката во салата. Се слушаа само вулгарни скандирања, но и Начевски не остана должен од записничката маса. Повозрасните навивачи ги оправдуваа, потсетувајќи на инцидентот 2000 година, кога беше прекинато дербито Тутунски – Вардар. Притоа нападнати беа судиите Марјан и Драган Начевски, кои шест години подоцна добија голема сума отштета. Се спомнуваа по 15 илјади евра. Не личи на возрасни луѓе. Наместо да се гордеете, треба да се срамите од таков настан во Прилеп – велеше Драган, а до него беше син му Ѓорѓи, судија на мечот во вторникот. Од младите навивачи, членови на навивачката група “Мајмуни” поинакво толкување. Воопшто го немале за повод случајот од 2000 година, туку скандирале лути на РФМ, каде водечки се Начевци. При патувањата на Европско во Србија ги привилегирале само скопските “Комити”, додека останатите македонски групи се запоставени.
![]()

