Сликарки, членки на ДЛУП, брзо сликаа, создавајќи сопствени уметнички креации за 8 Март во ЦК “Марко Цепенков”. Уметнички творби создадоа Рада Тодорова, Бети Макеска, Вера Николоска, Лепа Милошеска, Анита Сотировска, Емилија Ѓорѓиовска и Маја Најдоска. Се дружиме и твориме – велат сликарките. Брзото сликање стана традиција. Нетрпеливи беа уметниците, поинаку да го прослават празникот – вели директорот Тони Чатлески. Создадените дела ќе се постават на изложба.