НАСКОРО НОВИ ПЕТ СПЕЦИЈАЛИСТИ

Во болницата

Итно е потребен мамограф за рано откривање на рак на дојка , оти стариот е непотреблив

Недостасуваат уште 20 специјалисти

Во првиот круг на најавените 200 вработувања од Министерството за здравство, во болницата ќе дојдат 4 – 5 специјалисти кои ќе работат со новата опрема која е добиена од ресорното минстерство. Всушност тоа е бројот на специјалисти кои изразиле желба да работат во болницата и кои се јавиле на повикот на Министерството за здравство. Ќе се вработат гинеколози, рентгенолози, специјалисти за уво, нос и грло и други со што ќе се ублажи недостатокот од лекари специјалисти. Моментно потребни се 20 лекари со завршена специјалност во одредена медицинска гранка. Недостасува и средномедицински персонал. Недостигот “се покрива” со времено ангажирање на околу 80 лица. Со пополнувањето на специјалистичкиот кадар, ќе се подобри здравствената услуга за пациентите. За да може да се имплементира во дијагностицирањето и лекувањето на болните, новата биометриска опрема чија вредност е околу 1,4 милиони евра, менаџерскиот тим на болницата одлучи постојните лекари да ги праќа на дополнително усовршување. Се евидентираат специјалистите за дополнителни едукации од месец до 6 месеци, организирани од Министерството за да научат нови вештини, нови процедури кои ќе придонесат за поткревање на квалитетот на услугата – вели Илија Богатиноски, директор на Општата болница. Итно и е потребен и мамогаф кој се користи за рано откривање на рак на дојка. Стариот апарат е надвор од употреба. Апаратот е запечатен од инспекцијата, поради преголема доза на зрачење. Во рентген одделението недостига апарат за детекција на рак на дојката, односно мамограф кој е прекупотребен, бидејќи во болницата гравитираат околу 150 илјади жители од регионов од кои, половината се жени. Во првичниот список Прилеп беше предвиден за таков апарат, меѓутоа поради некои причини испратен е во Битола – вели Богатиноски. Првиот дел од опремата е околу 1,2 милиони евра во која има опрема за очното одделение, односно за операција на катаракта без хируршки рез, со помош на ултразвук. На тој начин, пациентите ќе се задржуваат еден час во болницата, без непотребно хоспитализирање. Менаџментот се надева да добие и дијализери. Имаме околу 80 пациенти за дијализа, а 19 апарати. Прилеп е трет центар по број на бубрежно заболени во Македонија. Од Министерството последни се добиени два дијализери во 2007 година.. Во изминатите години добивавме репарирани апарати од донација. Веќе 10 апарати се надвор од европските стандарди, функционираат, но се релативно стари. Доколку добиеме поголем број на дијализери кои ќе се користат во три смени, сите пациенти ќе добиваат дијализа во Прилеп. На границата сме на полн капацитет, имаме пациенти кои се во Скопје, во Струга, а 5 пациенти за месец два ќе мора да доаѓаат на дијализа и кои, за жал, во прво време ќе мора да патуваат во Струга. Доколку добиеме нови апарати и се организира работата во три смени, сите ќе добиваат дијализа без непотребно патување – вели Богатиноски. Се привршува со реконструкцијата на зградата. Во тек е технички прием на петте проекти. Завршено е Ургентното одделение, реновирана е дограмата, станицата за технички гасови, завршен е поголемиот дел од реконструкцијата на санитарните јазли. Беа потрошени 860 илјади евра, од кредитот од Европската банка.

ФУДБАЛСКИ ПАРИ ЗА ОПРЕМА ЗА ДЕТСКО

Три аспиратори, три инхалатори, три дигитални ваги за мерење на телесната тежина и топломери доби Детското одделение од средствата кои беа собрани за светиниколскиот турнир во мал фудбал организиран од Локалната самоуправа, конфецијата Комфи Ангел и Центарот за граѓанска иницијатива. Со апаратурата ќе им помогнеме на децата. Донацијата е наменски искористена. Потребни се вакви акции и за монитори – вели Менче Кадинец, началник на Детското одделение. Опремата е во вредност од 200 илјади денари.

Loading