Нашиот Галилео е Мимоза Насеска

Гимназијалката “меле” сé пред себе по астрофизика

На матурантката од Гимназија,  Мимоза Насеска умот í е “над облаците”. Откако го добила првиот телескоп на 10 години, не престанува да се дружи со ѕвездите, планетите, астероидите и маглините во нашата галаксија. Би гледала и во други галаксии, па можеби би открила и ново небесно тело, ако има помоќен телескоп. Со страста за истражување, постојано í растат апетитите за откривање на мистериите на вселената. Тоа не останало назабележано од професорот по физика Кире Јосифоски, кој и лани и годинава ја придружувал на натпреварот по астрофизика на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Мимоза “биела бој во знаење” во жестока конкуренција со 120 средношколци. И вторпат ја добила првата награда. Таму им објасниле за најновите достигнувања во астрофизиката, која го сменила името од архаичниот назив астрономија. После Мимоза “растурала” со знаење. Немало сомнеж дека ќе победи, само неизвесна била разликата со која ќе ги остави зад себе второ и третопласираните. Гимназијалката учествувала на пет-шест натпревари. Имала и презентација во Велес на тема “Забрзаното ширење на универзумот”, а следната година јапонецот Мичио Каку добил Нобелова награда токму за таа тема. Можеби е плагијат – низ смеа рече Насеска. Таа открила кога ќе биде еклипсата на Венера, што се случува еднаш на 243 години, поспектакуларна од месечевата еклипса. Ќе набави специјални наочари да го следи овој настан на 6 јуни на изгрејсонце, оти нема да се повтори во нашиот животен век.  Најинтересно í е да го следи движењето на месечините на Јупитер, а сега е “махер” и знае “како од пушка” да каже кога заоѓа еден, а кога друг од четирите природни сателити на оваа планета. Професорот Јосифоски вели дека за нашата астрономка Мимоза допрва на далеку ќе се слуша, оти Полна е со знаења. Мимоза ги следи новините на повеќе интернет страници. Била посетител и на летните школи за астрофизика во Хрватска и во Србија. Полека се подготвува за Природно – математичкиот факултет.

Loading