За доделувањето на наградите за конкурсот “Февруарски поход” кај борците, на едно место се сретнаа “живите легенди” и учениците. Преку 40 ученици од средните и основните училишта се “надпукуваа”, кој ќе ја има честа да биде меѓу најдобрите тројца. Интересот потврди дека не поминало незапамтено делото на борците кои со крв го залиле дрвото на државноста. На комисијата не и било лесно во изборот. Им трепереле срцета од есеите, кои ги прочитувале по два-трипати, оти уште еднаш им се вратиле сите чувства на партизаните поминати на февруарскиот марш. Првонаградена беше гимназијалката Елена Мирческа, второто и припадна на Бисера Јованоска од ОУ “Климент Охридски”, а третото место го зазеде гимназијалката Сара Глигороска. Тие беа парично наградени, но и останатите не заминаа со “празни раце”.