На 30 прилепчани градоначалникот Марјан Ристески им врачи решенија за легализација на дивоизградените објекти. Со документот се создава правна можност за озаконување на бесправно изградените куќи, гаражи, магацини, деловни објекти кои долго време го чекале овој потег. До 3 септември 2011 г. се поднесоа 15 367 барања за легализација, од кои законска основа добија 900 објекти. Најголемиот дел од барањата се од физички лица, а помалку од фирми.