КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНАТА ЗА ТРЕТАТА ТУТУНСКА КЛАСА

Пред почетокот на тутунската сезона, над две илјади тутунари веќе го евидентирале производството. Според ПЕ на Министерството за земјоделство, во прилепско, долненско и кривогаштанско тутун ќе одгледуваат над 15 илјади семејства. Стручнаците проценуваат дека годинешната сезона ќе биде попривлечна, зашто веќе малку се коригирани цените за годинешната берба. Се прогнозира раст на површините за околу 20 отсто. Таквото мислење не го делат и тутунарите. Здружението на тутунарите бара цената на најмасовната, трета класа, да не биде под 140 денари од килограм. Велат дека корекцијата е неопходна, иако третата класа од 110 денари, веќе е крената на 125 денари. Повеќе од третина од тутунот е трета класа, а откупувачите дават зголемување на цената од 20 до 25 денари за првата класа. Мало е ревидирањето кај останатите категории. Третата класа треба да не бидепод 140 денари, а тие нудат првата класа да е 240 денари, втората 172, а третата 125 денари. Наместо ќар, загуби ќе береме со овие потценувачки цени. Тоа го чини поскапата нафта – вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија. Старите цени беа од 212 до 220 денари за прва, 165 денари за втора и од 110-113 ден за трета класа.

Loading