Концерт за мама

За празникот на жената, 20 ученици од музичкото училиште се претставија во Библиотеката со мал концерт на дела од Бах, Бетовен и Моцарт. До каде дошле во совладувањето на инструментите, покажаа децата од групата народни инструменти. Концертот веќе го доби епитетот традиционален, оти е четврт со тенденција да се одржи. Директорот Кире Гаралоски е оптимист дека децата се надарени и добро музички се “потковуваат”. Затоа нема да останат само со првите места за народни инструменти и за пијано на меѓународните настапи.

Loading